Грижата за вас е наша примарна цел !
Јавете се денес на +389 75 499 188
Работно време од Отворено 24 часа

Уште денес !

Закажи

Помош и нега во домот

Содржина


Дневната грижа за стари лица на Центарот ОТВОРЕНО СРЦЕ е планирана програма за 50 лица за активности во професионална грижа наменета за постари возрасни лица кои имаат потреба од надгледувана нега во текот на денот, или оние кои се изолирани и осамени. Центарот ќе овозможи на постарите лица да се дружат и да уживаат во планираните активности во групно опкружување, додека сè уште ги добиваат потребните здравствени услуги
ПУСЗ ОТОВРЕНО СРЦЕ е дел од Проектот на Министерството за Труд и Социјална Политика и Општина Струмица, финансиран преку Светска Банка за развој на социјална услуга Поддршка и нега во Домот .
СО ОВОЈ ПРОЕКТ ФИНАНСИРАН ОД СТРАНА НА МТСП И ОПШТИНА СТРУМИЦА Е ОБЕЗБЕДЕНА БЕСПЛАТНА УСЛУГА ЗА 60 СТАРИ ЛИЦА со намален функционален капацитет како и лицата со најтешка и комбинирана попреченост, потполно слепи лица и хронично болни стари лица, во домашни услови
Нашите програми и активности кои ќе ги развиваме во Центарот Отворено Срце за нега и поддршка на старите лица во домашни услови ќе бидат во насока на креирање на социјалниот капитал во Општина Струмица и регионот па и пошироко со оглед на вредностите што ги канализират истите како што се поврзаност, почитување, грижа и солидарност меѓу припадници на различни генерации и развивање на социјалните услуги за старите лица
Повелете нашиот тим е отворен за соработка.

Уживајте во консултациите на нашата примарна нега со стручниот тим на ПУСЗ ОТВОРЕНО СРЦЕ
✅Имајте мир во умот со консултација со нашите лекари за примарна здравствена заштита и други поддршки преку Интернет директно од Вашиот дом.
✅Безбедни, брзи и лесни консултации.
☘️Тука сме затоа што се грижиме !!!

ПОМОШ И НЕГА ВО ДОМОТ
Услуги кои се вклучени во овој пакет се:
✅одржување лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење тоалет и менување пелени и подлоги во случај на континенција,
✅Инструментални активности: поддршка при чистење, посредување за поправки, перење, готвење, купување продукти, надворешна мобилност, земање медицинска терапија, мерење притисок, мерење шеќер во крвта ,користење телефон и помош во управување со буџет, помош во одржување на домот и сл.,
✅помош заради надворешна мобилност: помош при движење надвор од домот, користење јавен превоз, превоз со такси-возила и слично;
✅ услуги за физикална терапија (масажа и вежби)
✅ услуги за разубавување (фризер, маникир , педикир)