Грижата за вас е наша примарна цел !
Јавете се денес на +389 75 499 188
Работно време од Отворено 24 часа

Уште денес !

Закажи

Конкурс за провајдер за обука

Содржина

ПУСЗ ОПЕН ХАРТ Струмица и ОПШТИНА СТРУМИЦА објавуваат конкурс за ПРОВАЈДЕР за Обука на негувател/ки за помош и нега на стари лица во домот. за 20 негуватели. Огласот за Провајдер се организира во рамките на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домот во рамки на Општината, склучен со ПУСЗ Опен Харт Струмица за Испорака на услугата кој се реализира со поддршка од Министерството за труд и социјална политика.

Се повикуваат сите заинтересирани Провајдери ( обучни центри, еукативни центри, регионални центри за обука и др.) кои имаат верифицирани Програми а кои сакаат да аплицираат за Обучувачи на негувател/ки за поддршка и нега на стари лица во домашни услови да аплицираат најдоцна до 30.04.2021 година.

Заинтересирани треба да ги исполнуваат следните услови:

⦁ Да се правни субјекти ( Обучен Центар , НВО , Едукативен центар или др. ) регистрирани во на Р. С. Македонија;

⦁ Да имаат свој тим на предавачи

⦁ Да поседува сертифицирана програма преку Министерство за Образование;

⦁ заради ситуацијата со COVID19 да имаат пријавено 2 тима на предавачи

⦁ да имаат спровдено најмалку 3 обуки во Општината во која делуваат

⦁ Да располагаат со Сопствен простор за изведување на обуките заради непречено одвивање на наставата

Напомена: со поднесување на апликацијата да се достават и верифицираноте програми од МОН , како и пропратната документација, тековна состојба издадена од ЦР на РСМ, CV за предавачите

ПУСЗ „Опен Харт“ e приватна установа за социјлана заштита со интегрирана услуга и тоа дом за стари лица и професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови

Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 30.04.2021 ги пратат своите апликации на : (openhearth2020@gmail.com) или Општина Струмица toni.milusev@strumica.gov.mk,)

Провајдерите кои ги исполнуваат условите , ќе бидат повикани на индивидуално интервју.