Конкурс за учество на обука
Содржина
Општина Струмица и ПУСЗ ОПЕН ХАРТ Струмица објавуваат конкурс за учество на обука за негуватели за помош и нега на стари лица. Обуката се организира во рамките на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домот во рамки на општината, кој се реализира со поддршка од Министерството за труд и социјална политика.

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат најдоцна до 30.04.2020 година.

Заинтересирани треба да ги исполнуваат следните услови:

⦁ Да се државјани на Р. С. Македонија;

⦁ Да имаат над 18 години;

⦁ Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

⦁ Да имаат завршено минимум основно образование;

⦁ Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и

⦁ Да бидат подготвени по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови ПУСЗ Опен Харт Струмица

Напомена: Обуката за негувател(ка) за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.

Особено ги охрабруваме жените кои имаат статус на долгорочно невработени или кои припаѓаат на ранливи категории да се пријават на повикот.

ПУСЗ „Опен Харт“ e приватна установа за социјална заштита со интегрирана услуга и тоа дом за стари лица и професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови

Заинтересираните кандидати треба најдоцна до 30.04.2021 да се пријават кај Стефанија Манасиевска (openhearth2020@gmail.com 077/836 483) или кај Тони Милушев toni.milusev@strumica.gov.mk, 076/483 158) и да ги остават своите контакти.

Кандидати(к)ите кои ќе ги исполнат условите, ќе бидат повикани на индивидуално интервју